Бритни Спирс смета дека документарните филмови за нејзиниот живот се навредливи, целосно понижувачки и дека направиле да се чувствува злоупотребена.
Поп-ѕвездата не мисли дека е правилно што се снимени толку многу филмови за неа. Таа жали што луѓето веруваат дека филмовите од 2021 година одиграле клучна улога во конечното укинување на спорното старателство во ноември минатата година.
Емисиите ги вклучуваат FX, Framing Britney Spears на „Њујорк Тајмс“ и неговото продолжение Controlling Britney Spears, Toxic: Britney Spears Battle for Freedom
на „Си-ен-ен“, и Britney Vs Spears на „Нетфликс“.
Во сега веќе избришана објава на Инстаграм, таа напиша: „Никогаш не сум се чувствувала повеќе малтретирана во мојот живот во оваа земја. Тоа е лудо… и сериозно, дали е легално да се прават толку многу документарни филмови за некого без негов благослов??!“
„Сериозно, сепак, размислете за тоа… Никогаш не сум видела толку многу документарни филмови направени за една личност… Вил Смит, Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез.“
„Никој во светот не би сакал да го доживее ова. ТВ-мрежа, ТВ- продукција или друг медиум да ископа толку негативни снимки и да направи повеќечасовни емисии тврдејќи дека „ми помагаат“. Навистина?