Британските министри не смеат да носат „Епл Вач“

Од:

На британските министри отсега им е забрането да носат „Епл Вач“ паметни часовници поради страв дека Русите би можеле да ги хакираат, пишува лондонски „Телеграф“.

Одлуката е донесена на седница на британската Влада. Претходно, употребата на мобилни телефони исто така беше забранета, потсетува изворот.

Од друга страна, познато е дека САД ги обвинуваат руските тајни служби дека стојат зад пробивањето на електронските преписки на Демократскиот национален конгрес.

Руските хакери, исто така, се сметаат за одговорни за онлајн ширење податоци за тестирање лекови врз некои олимпијци, наведува „Спутник“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот