Британски таблоид треба да ѝ плати на Меган Маркл 450.000 фунти за судски трошоци

Од:

Уредникот на „Мејл сандеј“ треба да ѝ плати 450.000 фунти (520.000 евра) на Меган Маркл – сопруга на принцот Хари, како судски трошоци, откако таа неодамна победи во судски спор.

Британскиот таблоид, според одлуката на судот, ја нарушил приватноста на Меган Маркл објавувајќи го нејзиното писмо до татко ѝ.

На рочиштето одржано со видеоврска вчера, судијата Марк Ворби ѝ наложи на групацијата „Асошиејтед њуспејперс“ да плати 450.000 фунти за судските трошоци. Инаку, адвокатот на војвотката од Сасекс, Јан Мил побара 750.000 фунти. Адвокатите на весникот рекоа дека имаат намера да ја обжалат пресудата, а адвокатите на поранешната глумица минатиот месец побараа да се објави јавно извинување на насловната страница на весникот, по изрекувањето на пресудата.

Глумицата ги тужеше „Асошиејтед њуспејперс“, кои ги објавуваат „Мејл онлајн“, „Дејли мејл“ и засегнатиот „Мејл он сандеј“, за нарушување на нејзината приватност со објавување на делови од ракописно писмо што го испратила во август 2018 година, неколку месеци по венчавката со Хари, до нејзиниот татко Томас Маркл (76), со кого таа беше и е во лоши односи. Таблоидот го објави писмото во 2019 година.

Во писмото, таа го замолила својот татко да престане да ги лаже медиумите дека војводата и војвотката од Сасекс наводно ги прекинале врските.

Американското интервју со принцот Хари и неговата сопруга кај Опра Винфри ќе се емитува в недела на 7 март. Ова е прво ТВ-интервју што војводата и војвотката од Сасекс го даваат за медиум откако се преселија во Калифорнија минатата година. Неколку часа претходно и британската кралица Елизабета Втора ќе има свое ТВ-обраќање.

Бакингемската палата во февруари објави дека Хари и Меган не можат веќе да се враќаат на должностите што ги имаа како членови на британското кралско семејство.

Би можело да ве интересира

Тејлор Свифт е прва, а Меган и Хари се втори „најголеми губитници“ оваа година

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Кралски експерт тврди: „Меган беше разочарана што принцот Хари има толку малку пари, мислеше дека има милијарди“

Дејли Мејл: Хари и Меган ќе бидат поканети на крунисувањето на кралот Чарлс III

Драма во пресрет на смртта на кралицата, Чарлс: „Меган не е добредојдена“

Уште една пресуда во корист на Меган Маркл

Ана Ололовска