Тим од британски и чешки научници тестираа супер ласер за кој тврдат дека е 10 пати посилен од било кој ласер што постои.
Научниците соооштија дека ласерот е тежок 20 тони, а неговата изработка чинела 44 милиони евра. Се очекува да има широка употреба и да се користи во воздухопловната, автонобилската и енергетската индустрија.
Ласерот наречен „Бивој“, по митолошко чешко чудовиште, има просечна излезна сила од 1000 вати, која што прв пат ја достигнал на 16. декември минатата година.
„Ова е огромен чекор напред, за нас ова е како победа на Олимписки игри“ изјави Томаш Мочек, директор на чешкиот тим.
Овој ласер има револуционерен потенцијал за зацврстување на метални површини, праработка на полуспроводници и изработка на материјали на мирко ниво.