Британската фанк сензација The Haggis Horns во Скопје

Од:

Утревечер, на 6 декември, со почеток во 22 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, концертната агенција и продукција „3Гонга“ ви претставува Градска Сесија со „The Haggis Horns“, фанк сензацијата од Велика Британија.

Бендот во последен момент одлучи да дојде во Скопје со двајца вокалисти, кои не се дел од бендот John McCallum и Lucinda Slim.

Овие седум екстравагантни обучени џез музичари во живо звучат и подобро отколку на самите студиски албуми. Нивната музика е комбинација на брејк бит фанк, хип хоп, афро бит и џез.

На оваа група докажани музичари и не им е потребна помпезна најава, земајќи предвид дека досега соработувале со музичари како Jamiroquai, John Legend & The Roots, Amy Winehouse, Take That, Mark Ronson, Martha Reeves, Roots Manuva, Lou Donaldson, Elbow, Adele, Finley Quaye, Robbie Williams, Morcheeba, Duran Duran, Craig Charles Presents The Fantasy Funk Band, The Cinematic Orchestra, Lisa Stansfield, Kano, Estelle, Lily Allen… Тие се во првите редови на фанк сцената во Велика Британија.

Од 2004-та година па наваму имаат издадено 4 студиски албуми и тоа “Hot Damn!, “Keep On Movin” (First Word Records), “What Does A Mind” (Haggis Records) и неодамна објавениот „One of these days“ исто така за Haggis Records… и преку 10тина објавени синглови. Седморицата млади музичари ги сочинуваат: Kenny Higgins, Malcolm Strachan, Rob Mitchell, Atholl Ransome, Erroll Rollins, George Cooper и Ben Barker.

Билетите се веќе во продажба на https://www.kupikartizase.com/Events/haggis_horns_skopje2017

Би можело да ве интересира

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка