Бред Пит призна кои двајца актери се најпривлечни фраери на сите времиња: „Толку грациозно старее“

Од:

Познатиот актер откри кои мажи според неговите критериуми се најатрактивни на целиот свет.

За време на интервјуто за Vogue, Бред Пит зборуваше за тоа како мажите треба да се дотеруваат, за неговата нова козметика, а кажа и за тоа кои актери ги смета за најзгодни на светот.

„Знаете, во актерскиот свет, бидејќи тоа е моја работа што ја работам секој ден… Мислам дека тоа е Пол Њуман. Затоа што старееше толку грациозно. И според сите извештаи – тој беше навистина посебен, талентиран, топло вистинско човечко суштество“, рече Пит.

„И ако треба да именувам еден од луѓето кои се уште се со нас, морам да го именувам Џорџ Клуни, зошто да не?

Бред Пит додаде дека неговата тајна за добар изглед не е комплицирана – малку здрава храна и вежбање, но ништо опсесивно, работа на креативност, време со саканите… Сепак, на финалето на овогодинешниот Вимблдон изгледаше околу 15 години помлад.

Актерот кажа и како се гледа себеси во иднина: „Колку стареам, толку повеќе размислувам за квалитетот на животот и трошењето време и секако ќе се посветам на тоа. Мислам дека по изолацијата многу луѓе размислуваа за тоа како го поминуваат своето време, на што го посветиле својот живот? И мислам дека семејството и пријателите се сè што е важно на крајот на денот“.

Би можело да ве интересира

Ме фати за глава и рамена и ме тресеше: Анџелина Џоли го обвини Бред Пит за насилство

Бред Пит ќе се трка со Луис Хамилтон на Британското ГП за филм во Формула 1

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пит создава скулптури по разводот од Џоли: По бедата дојде радост

Бред Пит има црна листа на актери со кои никогаш повторно не би снимал

Бред Пит, ти ли си, ако си киднапиран трепни – актерот изненади со гардеробата на филмска премиера

(ВИДЕО) Бред Пит се бори со убијци во акциониот трилер „Брз воз“