Бред Пит: Америка е создадена со оружје, тоа е во нашата ДНК

Од:

Америка е земја создадена со оружје, тоа е во нашата ДНК: Можеби звучи чудно, но се чувствувам подобро кога имам оружје дома. Не се чувствувам сигурно кога немам оружје скриено дома“, изјави актерот за „Дејли Мејл“, и додаде дека тоа е само негово мислење, без разлика дали е исправно или не.

48-годишниот Бред Пит, ѕвезда на филмот „Killing them Softly”, изјави дека и самиот бил изложен на оружје од мали нозе, но сепак станал одговорна личност.

„Својата прва воздушна пушка ја добив уште во градинка. Во основно училиште добив сачмарка. Тогаш имав шест години. Од пиштол пукав веќе кога имав осум години. Пораснав во сосема ненормално опркужување“, рече актерот кој е роден во Оклахома каде што сите постари од 18 години слободно носат оружје каде што сакаат.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ