Фронтменот на белградскиот бенд Рибља чорба, Бора Ѓорѓевиќ, во четврток, во селото Ба, положи заклетва и доби титула на четнички војвода, која отсекогаш ја посакувал, јавува „Ало”.
Тој наскоро ќе одржи концерт во Хрватска, по пауза од дваесетина години.
„Многу сум почестен со оваа престижна титула. Ветал дека сум заслужил, а јас само го работев она што секој Србин треба да го прави. Моите обврски се исти како и порано, ќе се занимавам со рок музика, ќе одржувам концерти на кои ќе ја пропагирам Србија и српството”, вели Ѓорѓевиќ.
Тој додаде дека на концертот во Хрватска нема да носи ниту капа ниту кокарда, но дека ќе го носи грбот на рака.
Кога Ѓорѓевиќ беше прогласен за војвода од пушка беа испалени три куршуми, а на свечениот ручек свиреле гусли и „Маршот на Дрина”.