Бојд: Дениел Деј-Луис би бил идеален Џемс Бонд

Од:

Писателот на новата книга за Џејмс Бонд, Вилијам Бојд, изјави дека актерот Дениел Деј -Луис би бил совршен за улогата на ликот 007, која тој ја креирал.

Книгата „Соло“ претставува нова авантура на 45-годишниот шпион кој заминува во Африка. Дејствието се одвива кон крајот на 1960-тите години.

Изданието на Бојд е претставено во Дорчестер хотелот во центарот на Лондон, во рамките на што беа претставени спортски автомобили, презентирани од стјуардеси.

– Ако би требало да изберам актер кој би го глумел мојот Џемс Бонд, тогаш тоа би бил актерот кој глумеше во моите филмови и кој го знам. Тоа е Дениел Деј-Луис, затоа што мислам дека тој потсетува на Бонд кој Јан Флеминг го опишува, вели Бојд.

Тој дополни дека Флеминг еднаш го опиша Бонд као „американскиот пејач и текстописец Хоџи Кармајкл.

– А Дениел Деј-Луис навистина изгледа како Кармајкл, рече Бојд.

Но, авторот смета дека голема е веројатноста дека „Соло“ нема да ја доживее својата екранизација.

– Дејствието е сместено во 1969 година, а филмовите за Бонд секогаш се сместени во сегашноста. Никогаш не прават ретро Бонд. Претпоставувамe дека би можеле да ја земат мојата платформа и ја осовременат, но тогаш се би било поинаку, затоа што тоа што е поставено во 1960-те година дава посебен шмек, додава Бојд.

Бојд досега напишал 11 книги, а голем дел од нив како „A Good Man In Africa“ и „Any Human Heart“ се екранизирани.

Оваа година се одбележува 60-годишнината од првата книга на Флеминг за Џемс Бонд „Casino Royal“.

Флеминг напишал 14 книги за Бонд. Сем Мендез кој го режираше „Скајфол“ рече дека 24-от филм за Бонд ќе биде снимен во 2015  година.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“