Боинг го претстави својот нов прототип дрон кој може да носи товар и до 228 килограми.
Станува збор за е-ВТОЛ (electric vertical-takeoff-and-landing) и Це-А-Ве (cargo air vehicle) прототип, што на инженерите им беа потребни три месеци да го дизајнираат, и кој веќе го доживеа и првиот тест лет.
– Ова товарно летало претставува голем чекор во нашата Боинг е-ВТОЛ стратегија. Имаме можност да го промениме воздушниот сообраќај. Дронот е долг 4,57, широк 5,49 и висок 1,22 метра, а тежи 339 килограми, изјави инженерот Дејвид Нили.
Засега не се познати повеќе детали, како што е капацитетот на батеријата.
Проектот чини два милиона долари, а целта е да се конструира компактно самоуправувачко летало што ќе може да носи едно лице најмалку 32 километра без прекин.