Боби Мојсовски, единствениот финалист на Икс Фактор од Македонија, настапи прв на вечерашното натпреварување со песната „Полско цвеќе“ од Тоше Проевски.
– Се гледа дека си задоволен. Ти се еден од најдобрите машки пеачи кого сме слушнале во последно време, коментираше Масимо.
– Ме изненади што не беше импресиониран од овој голем простор. Си станал вистински професионалец, му рече Тончи по настапот.
– Кога те видов, знаев дека ќе бидеш во финалето, му рече Жељко Јоксимовиќ.
– Поминавме долг пат, и многу се гордеам со тебе, му рече неговата менторка, Александра.