Познатиот ирски пејач и хуманитарен активист Боб Гелдоф ќе патува во вселената, како еден од патниците во комерцијален лет во вселената.
Компанијата „Вселенска експедиција“ (СХЦ) предвидува да испрати дури сто луѓе во Вселената во текот на 2014 година.
Цената на билетот за едно вакво патување изнесува 100 илјади долари. Првите патници-астронаути ќе летаат во Вселената, до височина од 100 километри, а лансирањето ќе се извршуваат од холандскиот остров Курасао, во јужното Карибско Море.
Другите двајца патници со кои компанијата веќе има потпишано договор за лет во вселенскиот простор се диџејот Армин ван Бурен, како и холандскиот модел Дуцен Кројс.
Според Гелдоф, поранешен член на групата „Бумтаун ретс“ кој сега живее и работи во Велика Британија, летот во е „голема чест и привилегија“ за него, затоа што ќе биде првиот Ирец кој ќе престојува во вселената.
Летовите ќе се извршуваат со „Линкс Х2“ што е приватно изградено вселенско летало, со кое управува двочлен скипаж, но кое дава можност крај кокпитот да се најдат и неговите патници.
Боб Гелдоф ќе помине извесно време во Холандија, за обука во симулаторите за вселенско летање.