Блитва за здраво срце

Од:

Блитвата спаѓа во нискокалоричните продукти, па се смета за идеален зеленчук за одржување на телесната тежина. Содржи витамини В и Ц, како и бета-каротин, магнезиум, железо, калиум, калциум, а преполна е и со јаглехидрати и протеини. Блитвата ги чува коските затоа што содржи големи количини витамин К, магнезиум и калциум, а токму овие состојки ги зајакнуваат коските и се грижат за нивен правилен раст. Витаминот К1 во цревата се претвора во витамин К2, кој поттикнува производство на остеокалцин, кој директно го насочува калциумот кон коските.

Го намалува ризикот од дијабетес затоа што содржи флавоноид, познат за регулирање на шеќерот во крвта. Затоа, блитвата е одлична за сите, а особено за оние шо страдаат од дијабетес. Помага при превенција на ракот. Таа е богата со антиоксиданси, па ги спречува слободните радикали да се шират еднакво како и клетките на ракот. Помага во одржување на здравјето на срцето.

Антиоксидансите во блитвата помагаат и при воспаленија и го забрзуваат процесот на закрепнување. Го намалуваат крвниот притисок, го олеснуваат притисокот во срцето и крвните садови. Минералите помагаат за отпуштање на натриумот, а на тој начин се олеснува протокот на крв во организмот.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска