Сопственик на ресторан во Алтринам, југоисточна Англија, остана шокиран откако персоналот откри неверојатна кражба во женскиот тоалет.
Роберт Мелман (72) решил да ги прегледа надзорните камери за да го идентификува сторителот, а резултатот го запрепасти.
Од женскиот тоалет е украден мијалник од украсен материјал, кој е имитација на камен
„Сум видел многу работи во мојот живот, но никогаш вакво нешто“, изјави Мелман за локалните медиуми.
Сопственикот ја прегледа снимката и виде непозната жена како влегува во ресторанот и во тоалетот со празна торба, пишува „Daily Star“.
Woman walks into restaurant to use loo and ‘leaves with £150 sink in her bag’https://t.co/3ILjlGuaeO pic.twitter.com/c3DW3xmS3O
— Daily Star (@dailystar) February 24, 2025
„Таа не беше гостин. Таа влезе директно во тоалетот, а десет минути подоцна излезе со полна торба. Во изминатите години имавме луѓе кои крадат шишиња вино и такви работи, но никогаш вакво нешто“, објасни тој.
Додава дека во машкиот и женскиот тоалети има убави мијалници кои чинат по околу 150 евра.
„Не е голема штета, што да правиме. По откритието останавме без зборови“, заклучи тој, а се очекува полицијата да покрене истрага за необичната кражба.