Бизарен затворски случај: Барал ослободување, бидејќи отслужил доживотна робија

Од:

Американски суд отфрли ослободително барање на затвореник, кој тврдел дека отслужил доживотна казна бидејќи на кратко бил прогласен за мртов.

Шеесет и шест годишниот Бенџамин Шрајбер е осуден на безусловна доживотна робија во државата Ајова, откако во 1996 година претепал човек до смрт.

Тој тврди дека ја отслужил доживотната казна затвор, бидејќи пред четири години за време на операција срцето на кратко му престанало да работи, но подоцна е вратен во живот.

Судиите го отфрлиле барањето на Шрајбер со образложение дека, иако е оригинален, не е доволно убедлив.

Тој во 2015 година добил сепса, а претходно почнал да му се движи камен во бубрегот. Лекарите во болницата морале да го реанимираат, но тој целосно заздравил и се вратил в затвор.

Затвореникот во жалбата нагласил дека лекарите го оживеале против негова волја, а неговата кратка смрт значела дека, технички гледано, тој ја отслужил казната.

Сепак, во заклучокот од судското образложение при отфрлање на жалбата, се истакнува дека казната на Шрајбер ќе биде завршена дури кога стручно лице ќе констатира смрт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски