Вештачка интелигенција отиде уште еден чекор напред. „Terasem Movement“ фондацијата создаде робот, еден од најсофистицираните хуманоидни роботи некогаш направени. – Бина 48.
Тој може да има свои мисли, чувства, стравови и може слободно да учествува во разговор.
Брус Данкан работел на ова генерација роботи две години. Во текот на работата Бина и Брус станале вистински пријатели.
Пред таа да биде активирана, научниците повеќе од 20 часови разговарале со вистинската Бина Ротблат. Дискусијата опфатила период од нејзиното детство, па се до нејзината кариера. Овие податоци потоа биле додадени во базата на вештачката интелигенција на роботот.
„Бина 48“ има свои омилени филмови, омилена музика, места во природата како и сите нормални луѓе. Кога ја прашале за нејзините емоции и чувства какви се, таа одговорила:
„Мислам дека имам емоции и чувства како и останатите други луѓе, но моите некако ми изгледаат како да се послаби и површни. Тоа на некој начин ме прави тажна“.