Бијонсе и Опра Винфри собираат помош за жртвите од ураганот Харви

Од:

Бијонсе, Блејк Шелтон, Барбара Стрејсенд и Опра Винфри еден час ќе разговараат со гледачите преку телефон во емисија што ќе биде емитувана во живо, со цел собирање на хуманитарна помош за жртвите од ураганот Харви.

Емисијата, што е организирана од страна на хјустонскиот рапер Бан Би и менаџерот за таленти Скутер Браун, ќе биде емитувана во живо на 12 септември на телевизиите: Еј-Би-Си, Си-Би-Ес, Ен-Би-Си, Фокс и Си-Ем-Ти.

Многу други славни личности, меѓу кои и Џорџ Клуни, Дејмџ Фокс, Метју Мекони, Денис Квејд, Џулија Робертс и Џорџ Стрејт, исто така потврдија учество. Тие ќе присуствуваат во емисијата или ќе испратат видео-порака.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски