Како што помимува времето, новата „кородирана“ фасада на градската библиотека во белгискиот град Бриж е се поубава.
Во 2012 година градските власти на Бриж организираа натпревар за реновирање и експанзија на градската библиотека Синт-Андриес. Победник на конкурсот беше Студио Фарис Архитект од Антверп, која создаде зграда која се разликуваа од другите.
Покриена со кородирани Кортен челични плочи, зградата прави фрапирачки контраст во однос на другите згради.
Главната цел беше библиотеката да стане видлива од улица и да изгледа како да има сопствен идентитет.
Работната просторија и рецепсцијата се лоцирани во близина на големите прозорци за максимално да се искористи дневната светлина.