Би-Би-Си ќе инвестира 44 милиони долари за да ги одврати децата од Јутјуб и Нетфликс

Од:

Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си соопшти дека во наредните три години планира да инвестира 44 милиони долари во креирање на содржини за деца, чија цел ќе биде нивно одвраќање од Нетфликс, Јутјуб и Амазон.

Би-Би-Си има намера да креира онлајн содржини за деца како што се видео клипови, квизови, игри и апликации, кои ќе бидат надградувани, обновени од нивните архиви или преземени од други квалитетни образовни и културни тела.

Кога станува збор за телевизијата, новите детски програми ќе се емитуваат на канали како што се Би-Би-Си Бајтсајз за едукација на деца постари од пет или шест години или за забава на деца помали од шест години.

Би-Би-Си влегува во овој нов проект откако од нивниот годишен извештај заклучија дека Јутјуб станал најсакан бренд меѓу 70 отсто деца од шест до дванаесет години. Британската мрежа се бори да остане релевантна во развојот на нивниот дигитален простор.

Би можело да ве интересира

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Вистинската приказна од серијата The Breakthrough: Грозоморното злосторство што ја шокираше Шведска

Катерина Ѓуровски

Squid Game 2 за само 11 дена има 126 милиони прегледи

А1он

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

Најпознатата измамничка од Нетфликс ќе се натпреварува во „Танц со ѕвездите“