Крај патот над езерото Маѓоре во близина на местото Кавијано во Швајцарија се наоѓа мал бетонски бункер, кој наликува на запустен хангар, некогашна скривница или планинско живеалиште на некој аскет.
Но, зад коридираната врата и седум метри долгата бетонска фасада, всушност се крие шармантен модерен дом со минималистчки дизјан, брилијантно прилагодено осветлување и централен атриум во антички римски стил.
Овој модерен дом е дело на архитектонското студио „Веспи де Меурон Ромео“, кое некогашната напуштена бетонска коцка ја трансформираше во живеалиште со модерен ентериер кој плени со својата грациозна љубезност.
Бетонската основа на куќата е надополнета со стакло, дрво, метал и делкан камен, кои и даваат сосема нов лик на оваа груба градба.
Со поставувањето на прозорци и стакларник овозможено е влез на големо количество светлина во оваа оригинално мрачна градба, а градинарскиот атриум дополнително придонесува за ослободување од чувството на клаустрофобија.