Бесплатни часови по лизгање во Винтерленд

Од:

Градот Скопје и Хокеј Федерацијa од утре (20.12.2018 година, четврток) овозможуваат бесплатни часови по лизгање за почетници на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ во рамките на новогодишната населба Винтерленд на плоштад „Македонија“.

Оваа нова содржина во Винтерленд за љубителите на зимските спортови ќе се одвива секојдневно во два термини: од 11 часот претпладне и од 20 часот навечер. Бесплатните часови ќе бидат организирани за групи до 20 пријавени лица, на кои ќе им држат обуки двајца професионални инструктори.

Заинтересираните за бесплатни часови по лизгање може да се пријавуваат секој работен ден во Информативниот центар на Град Скопје од 9 до 16 часот на телефонскиот број (02) 3297-255.

Новогодишната програма и „Винтерленд“ се финансиски поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбеди бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“ што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба.

Би можело да ве интересира

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец