Папата Бенедикт XVI денеска ја објави првата порака на социјалната мрежа „Твитер“, јави ДПА.
„Драги пријатели, ми претставува големо задоволство што се поврзуваме преку „Твитер“. Ви благодарам за дарежливиот одговор. Ве благословувам сите од се срце“, напиша папата во својата прва порака на микро-блогот.
Исти така, беше објавена и фотографија на кој е прикажана Папата како користи АјПад таблет за поврзување на „Твитер“.
Претходно Ватикан објави дека официјалниот „Твитер“ профил на папата Бенедикт XVI е @pontifex.