Главна интернет сензација во регионов последниве денови е „огласот“ на една девојка од Белград, која преку Фејсбук го бара момчето со кое минала една ноќ, при што останала во „блажена состојба“.
Како што јави белградскиот весник „Курир“, во статусот објавен на социјалната мрежа, девојката неведува дека го знае само името на момчето и марката на автомобилот со кој ја одвел во неговиот стан.
Таа тврди дека го побарала 29-годишниот татко на нејзиното идно дете во станот во кој ја минале „лудата ноќ“, но оти таму и рекле оти тој се „одселил пред 15-тина дена“.
Веста брзо се прошири низ социјалните мрежи, иако многумина се сомневаат во вистинитоста на приказната.
Сега останува прашањето дали мистериозниот Игор ќе се јави на „огласот“, наведува „Курир“.