Белгискиот дизајнер Оливие Деби ќе го тужи МОК поради наводен плагијат на логото на ОИ во Токио 2020 година.
Деби одлучил да го тужи МОК бидејќи смета дека логото на ОИ е плагијат од неговиот знак за театар во Лиеж креиран во 2011 година.
МОК минатата недела соопшти дека не верува дека јапонскиот дизајнер на логото за ОИ 2020, Јапонецот Кенџиро Сано направил нешто лошо. Сано претходно отфрли наводи на Деби за плагијат, нагласувајќи дека неговото лого е оригинал.