Еден стан кој се простира на површина од 630 метри квадратни, претставува добар пример за искористување на белата боја во ентериерот.
Овој дом е богат со елементи и текстури, кои се во склад со дизајнот и кои се дел од модерениот и разнолик ентериер.
Сместен е во Сан Диего во Калифорнија, станот е целосна замисла ма локалното архитектонско студио „Џексон Дизајн енд Ремоделинг“.
Модерниот енетериер на овој отворен и живописен простор, нуди голема колоритност, која е распоредена насекаде низ станот, додека чистите линии и острите профили нудат разигран дизајн.
До дневната соба, се наоѓаат кујната и трпезаријата, кои се осмислени како зони секој посебна за себе. Сите тие живописно се разликуваат меѓусебе, но не се во спротивност една со друга, благодарение на складноста на избраните бои.
Боите и игрите од самите текстури се користени многу смело и во приватните зони, како што е на пример бањата. Дизајнот внимателно ги координира работите во убаво создадена хармонија, која е со модерен и шарен енетериер.
Овој живописен ентериер не нуди само шарм, туку и многу добар сооднос на деталите со нивните различности.