Бебињата учат подобро во седечка положба

Од:

Бебињата на возраст од 5,5 месеци кои имаат поддршка за да седат се во можност да користат обрасци за разликување на предмети, покажуваат резултатите од едно истражување.

– Важен дел на човечкиот когнитивен развој е способноста да се разбере дали набљудуваниот објект е ист или различен од објектот, кој е виден претходно, изјави Ребека Вудс, асистентка на отсекот за човечки развој и семејна наука на државниот универзитет во Северна Дакота.

Когнитивниот развој се однесува на способностите како што се размислувањето, перцепцијата и меморијата.

Вудс и нејзината колешка Тереза Вилкокс, професорка по психологија на тексашкиот универзитет А енд М открија дека децата на возраст од 5,5 и 6,5 месеци не користат исти обрасци за разликување на објектите. Бебињата на возраст од 6,5 месеци имаат способност да користат такви обрасци, доколу имале можност да видат или допрат одредени предмети.

– Предноста на бебињата од 6,5 месеци е дека тие можат да седат и без поддршка, што им овозможува да посегнат по предмети и со нив да манипулираат. Ако децата не мораат да се фокусираат на балансирање, нивното внимание може во целост да бидат насочено кон предметите, појаснува Вудс.

Истражувачите исто така откриле дека бебињата од 5,5 месеци, кои имаат поддршка при седењето, биле во можност да користат обрасци за разликување на предмети. Резултатите укажуваат на тоа дека доцнењето во навикнувањето на бебињата на седечка положба може да резултира со пропуштање на можностите за учење, кои влијаат на други подрачја на интелектуалниот развој.

– Оспособувањето на бебињата да седат самостојно, кога се способни за активно учење (за предметите кои ги опкружуваат), може да им помогне во разни ситуации на учење, а не само во спознавање на објектите од околината, вели Вудс.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он