Батеријата е најслабата алка на уредите со големи екрани. Во текот на последната декада, технологијата на батерии напредуваше, но сега група научници тврдат дека направиле џиновски скок во складирањето на енергијата.
Литиум-јонските батерии ќе добијат 30 пати повеќе сила и можност да се полнат 1.000 пати побрзо од актуелните решенија.
Тимот од Универзитетот во Илинои, предводен од Професорот Вилијам Кинг смета дека батериите многу заостануваа зад технологијата што ја напојуваат.
Според Кинг, сега тоа може да се смени, а неговата микротехнологија значи дека изворот на енергија ќе овозможува високи перформанси како и остатокот од уредот.
Колку за споредба, Кинг вели дека батериите се толку моќни што би можело со смартфонот да се стартува автомобилот.
Тајната во нивниот успех е екстремното намалување на конвенционалните елементи на традиционалната батерија – катодата и анодата.
Тие сега се направени од 3D микроструктура што овозможува нов начин на интегрирање на тие компоненти во минијатурни димензии, а воедно дава и супериорни перформанси на батеријата.