Барби сега и на Инстаграм

Од:

Популарната кулка Барби со децении е идол за многумина ширум целиот светот. Девојчињата си играат со нејзините кукли, жените ја гледаат како идол на совршенство, а има и такви кои одат чекор понатаму и ги полнат насловните таблоиди со нивните естетски операции за да изгледаат лако Барби или Кен.

Вљубеноста трае со децении. А како што времињата се менуваат, така и Барби мора да држи чекор со новите технологии и социјалните мрежи.

Така сега и Барби има Инстаграм профил, од кој многу од холивудските ѕвезди би се засрамиле.  Таа се забавува на познатата Коачела, се вози низ Лос Анџелес во нејзиниот кабриолет, а можеме да ја видиме на модната недела во Париз. И секако, изгледа совршено.

Ова е веројатно еден од чекорите за дополнително да се популаризира 56 години старата Барби. Имено, на Мателовата кукла во првиот квартал оваа година дополнително и падна продажбата за 14 проценти.

За Божик на врвот на листата на желбите на малите принцези беше Дизниевата Елса од Снежното кралство, а минатата есен дури и Мателовиот ривал Хасбро ги презеде правата на производството на куклата од Снежното кралство. Токму овој цртеж е заслужен за 22 отсто раст на продажбата на производите на Дизни.

Би можело да ве интересира

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Претседателката на Косово се спореди со холивудската барбика: „Оваа Барби е претседател“

ВИДЕО: „Барби“ заработи над милијарда долари за три седмици

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Филмски хит – а задоволно ги трие рацете и производителот на познатите кукли