Според резултатите од истражувањето кое го направил порталот „Машабл“, земјата каде луѓето имаат прилика да користат најбрз Интернет на светот е Јужна Кореја, додека земјите од Балканот се далеку од тој просек.
Попрецизно, меѓу земјите со најбрз Интернет на светот не се наоѓа ниту една земја од Балканот, Латинска Америка или Африка.
Истражувањето на угледната компанија Акамаи покажало дека брзината на Интернет во Македонија е 3,3 Mbps, Хрватска 3,24 Mbps, Албанија 2,8 Mbps, Србија 2,39 Mbps, но од друга страна повеќе од Босна и Херцеговина каде се сурфа со брзината од само 1,97 Mbрs.
Компанијата Акамаи соопштила дека просечната брзинаа на широкопојасните врски во светот во првото тримесечје од оваа година пораснала за четири отсто и во овој момент изнесува 3,1 Mbps.
Според тоа, во поголемиот дел од балканските земји се користи Интернет чија брзина е под светскиот просек.
Извор: Нетпрес