Балетски гала концерт „Прослава на танцот“

Од:

Во Македонската опера и балет вечер ќе се одржи балетски гала концерт „Прослава на танцот“, на кој ќе настапат најголемите современи балетски уметници.

МОБ ги најави Игор Колб и Надја Сајдакова од Русија, Јана Саленко и Мариан Валтер  од Германија, Жан Филип Дури од Франција, Сех Јун Ким од Јужна Кореја, Роналд Савковиќ од Шпанија и Јован Веселиновиќ од Србија.

Домаќин на настанот е првенката на Македонскиот балет Александра Мијалкова, заедно со истакнатите солисти Марија Кичевска, Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили од Грузија.

– Програмскиот концепт на балетскиот гала концерт е збир на класични и модерни парчиња и согласно со тоа програмата е поделена во два дела, информира Балетот.

Настанот го организира МОБ, продукцијата е на „Трето уво“, а генерален спонзор е рафинеријата ОКТА а.д. Скопје.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје