Бакарот е прекрасен материјал, кој на многу начини можете да го искористите во декорирање на вашата градина.
Бакарната фолија, цевките и бакарните прстени се меки и еластични, како и доста евтини.
Од бакарната жица можете да создадете различни облици. Од неа можете да креирате интересни декорации, саксии во облик на шолји за чај, каде ќе можете да го сместите вашето омилено цвеќе.
Од бакар можете да направите и интересни садови, кои со бакарен синџир ќе ги распоредите во вашата градина.
Тенките бакарни листови можете да ги купите во многу занаетчиски работилници, а постојат толку многу начини да ги искористите. Од бакарните листови можете да направите прекрасни рози.
Со комбинација на бакар и стакло можете секогаш да додадете единствен декор во вашата градина.