Бајките на браќата Грим во Кинотека од денеска до 18 јануари

Од:

Кинотеката на Македонија во соработка со Институтот Гете од денеска до 18 јануари ќе прикаже пет филма снимени според бајките на браќата Вилхелм и Јакоб Грим. Со тоа се придружува на светската прослава на јубилејните 200 години од нивната збирка „Бајки за деца“, објавена на 20 декември 1812.

– На тој начин децата ќе дознаат многу повеќе за госпоѓа Холе, Пепелашка, Снежана, бременските музиканти и сите други херои од бајките на браќата Грим, кои се задолжителна лектира за секое дете во светот, а се дел и од светското културно наследство и во списокот на пишувано културно наследство на УНЕСКО. Бајките на Грим се и подлога за безброј филмски адаптации, соопшти Кинотеката.

Петте филмови се германска продукција и во Кинотеката ќе се прикажуваат од 12 часот. Филмот што денеска ќе го отвори утринското кино од циклусот „Волшебниот свет на браќата Грим“ е „Пепелашка“ во режија на Уве Јансон, снимен во 2011, кој ќе биде прикажан и утре.

На 10-ти и 11-ти напладне ќе има проекција на „Масата, магарето и стапот“ на Улрих Кониг од 2008, на 12-ти и 14 јануари „Снежана“ на Томас Фројнднер од 2009, на 15-ти и 16-ти филмот „Госпоѓа Холе“ на режисерот Бодо Фурнајзен од 2008 и на 17-ти и 18 јануари ќе биде прикажан „Бременските музиканти“ режиран од Дирк Регел во 2009-та.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ