БАФТА: Филмот на Бен Афлек „Арго“ награден за најдобар филм, режија и монтажа

Од:

Филмот „Арго“ во режија на актерот Бен Афлек за спасувањето на американските заложници во Иран во 1979 година се закити со дури три признанија од Британската филмска академија (БАФТА) – за најдобар филм, режија и монтажа.

На синоќа одржаното доделување на наградите БАФТА во Кралската опера во Лондон, наградата за најдобар британски филм го доби новото остварување за Џемс Бонд „Skyfall“, додека францускиот „Амоур“ ја доби наградата за најдобар странски филм.

За најдобра главна глумица прогласена е легендата на францускиот филм, 85-годишната Емануел Рива за улогата во филмот „Амоур“, додека наградата за најдобар глумец ја доби Даниел Деј Луис, за улогата во „Линколн“.

Ен Хатавеј ја доби наградата за најдобра женска споредна улога во мјузиклот „Les Miserbles“, а за најдобра машка споредна улога, признанието го доби Кристоф Валц, за улогата во филмот на Квентин Тарантино „Django Unchained“.

Филмот на Тарантино ја доби и наградата за најоригинално сценарио.

Наградата за најоригинална музика ја доби насловната нумера за филмот за агентот 007, која ја пее Адел.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ