Модната организација BAFE распиша регионален конкурс за млади модни дизајнери.
Конкурсот е отворен до 10 април и наменет за автори од 18 до 35 години од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.
BAFE тимот ќе одбере 40 млади дизајнери кои ќе имаат можност да ги прикажат своите работи на белградската манифестација Balkan Art Fashion Event.
Пријавите треба да содржат биографија, скици од модна колекција или фотографии од изработена облека.
Апликациите со назнака За конкурс 2016, сите заинтересирани кандидати може да ги испрататна адреса [email protected].
Осмиот BAFE настан ќе биде одржан во почетокот на мај во Белград.