Баба случајно зготвила патка со канабис за Божик

Од:

Седумчлено семејство во чешкиот град Вратимов за Божик завршило во болница со вртоглавици, мачнина и халуцинации. Бабата, која подготвувала патка за празничната вечера ненамерно ставила канабис во јадењето. Таа ја користела марихуаната за медицински цели, а во јадењето ја ставила по грешка, наместо друг зачин.

Во болница завршиле четворица возрасни, на возраст од 37 до 71 година, и две деца, од три и шест години. Лекарите прво помислиле дека тие се затруле со јаглен-моноксид, но откако утврдиле дека во куќата не истекувал гас, откриле дека патката што бабата ја подготвувала за вечера била „зачинета“ со канабис.

Чешката полиција започнала кривична постапка против бабата заради „подготовка на недозволени дроги“.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница