[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Подобро некогаш, отколку никогаш. Клара Кауел од Ленкешер, Велика Британија престана да пуши цигари една недела пред нејзиниот 102 роденден.
Госпоѓата Кауел започнала да пуши во 1931 година, а претстанала откако потрошила повеќе од 60 илјади цигари.
Тајната на долговечноста на мајка ми се крие во цигара со шолја виски, вредна работа и сиромаштија – изјави нејзината ќерка Линда.
Бабата престанала да пуши по наговор на нејзините деца, бидејќи стравувале во момент на невнимание да не предизвика пожар.
Кауел покрај четири деца, има девет внуци, 12 правнуци и четири пра-правнуци.