Австралијка прави гламурозна облека од хартиени кеси

Од:

Австралиската танчарка Ешли Пери, која инаку работи на крстосувачот „МС Заадам“, ги почести своите следбеници со доста уникатни и оригинални парчиња облека направени од хартиени кеси.

Нејзиниот брод, како и обично, требало да отпатува од Австралија, покрај Антарктикот, сè до Јужна Америка, додека Пери го прави тоа што најмногу го сака – танцувањето. Но, пандемијата на коронавирус ги промени сите планови и таа останала заглавена среде Јужниот Океан. По една подолга поморска одисеја, уметничката по цели два месеца се врати во својата татковина.

Од нејзиниот роден град Перт, од собата за карантин во која се нашла, таа сепак пронашла начин како креативно да се изрази себе…

Оброците во собата ги добивала во хартиени кеси. Таа ги собирала и од нив направила цела „линија модни креации“, па потоа лично, како модел, ги претстави пред својата интернет-публика.

– Патем, јас сум креативна личност. Ја сакам уметноста, која и малку ја изучував на факултет. Очигледно, сите имаме многу заедничко кога се работи за танцување, глума и дизајн на костими, вели Пери.

Карантинот, сепак, не ѝ бил воопшто лесен, но како што вели – вака барем си го направила времето покреативно и забавно на свој начин.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска