Австриецот Феликс Баумгартнер истакна дека сосема е подготвен за испишување на новата страница на историјата, и покрај одлагањето на реализацијата на мисисјата Ред Бул Стратос.
Баумгартнер првично во вторникот требаше да го изведе скокот од висина од 36.576 метри, но ланирањето беше одложено поради јакиот ветер.
Скокот е сега закажан за недела, во 14.45 по средноевропско време. Иако е дефинитивно разочаран поради одлагањето, Феликс вели дека размислува позитивно и дека очекува утре да има поволни временски услови.