Дините е име на авангардна куќа, со извонредна архитектура. Куќата се наоѓа во Западен Мичиген и без сомнеж претставува еден од најуникатните домови во светот.
Сместена е во една од најскапите населби на Западен Мичиген. Ултра модерна градба со површина 600 метри квадратни, се издвојува како една убава скулптура над величеснтвеното езеро Мичиген и на неговите стрмни дини, нудејќи од ова место прекрасен панорамски поглед од 360 степени на изгрејсонце и зајдисонце над светлата и чиста вода.
Куќата со девет спални соби и осум бањи се наоѓа на 20 хектари имот, на кој има шума и повеќе од 250 метри плажа.