Асус го претстави Зенфон 2

Од:

Директорот на компанијата Асус Џони Си на Саемот ЦЕС 2015 во Лас Вегас ги претстави најновите уреди Асус Зенфон 2 и Зенфон Зум, камерафон со 3х оптички зум.

Асус Зенфон 2 доаѓа со дисплеј од 5,5 инчи, дуал СИМ поддршка, дуал актив поврзување со ЛТЕ и 2,3 гигахерци Интел Атом чипсет. Ова е првиот телефон во светот со 4 гигабајти РАМ меморија.

ИПС екранот од 5,5 инчи на Зенфон 2 доаѓа со 1080п резолуција и густина на пиксели од 403 ппи.

Зенфон 2 има предна камера од 13 мегапиксели со ХДР и Мануел мод, како и Тру Тон блиц со прецизни бои. Батеријата од 3.000 мили Ампер часа има нова технологија за брзо полнење, што овозможува полнење до 69 проценти за 39 минути.

Цената на Асус Зенфон 2 се очекува да биде околу 199 долари.

Зенфон Зум, исто така, има екран од 5,5 инчи со резолуција од 1080п и камера од 13 мегапиксели. Негов главен адут е тројниот објектив со оптички зум и оптичко стабилизирање на сликата. Цената на Асус Зенфон Зум се очекува да биде 399 долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска