Астероид поминува во близина на Земјата поблиску од кога и да е за 40 години

Од:

Астероид 3200 Фаетон наскоро ќе пролета на нашата планета доволно блиску што Центарот за помали планети Меѓународната унија на астрономи го оквалификува како „потенцијална опасност“.

Американската вселенска агенција НАСА очекува дека Фаетон ќе биде најблику до Земјата на 16 декември на оддалеченост од десет милиони километри, што е околу 27 пати просечна дистанца меѓу нашата планета и Месечината (384.400 километри).

Фаетон е долг околу 5 километри, па затоа ќе биде трет најверојатно најопасен астероид што доаѓа во близина на сината планета.

Податоците од НАСА покажуваат дека ова ќе биде најблиско поминување на Фаетон покрај Земјата од 16 декември 1974 година кога пролета на само осум милиони километри. Луѓето тогаш не биле свесни за неговото присуство – Фаетон бил откриен дури во 1983 година.

Ова е најблискиот премин на Земјата од откривањето на астероидот и е добра можност за набљудување и детектирање на нови активности, соопшти американската агенција.

Научниците не очекуваат дека ќе биде доволно блиску до нас до 2093 година кога стероидот покрај Земјата ќе помине оддалечен само околу три милиони километри, јави Блиц.

За време на следниот премин Фаетон може да биде видлив со помош на помал телескоп на темното небо.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ