По повод празниците Свети Трифун и Свети Валентин денеска и утре на Скопски саем ќе се одржи првиот Арт базар – Дизајн со љубов.
Настанот го организираат Скопски саем, Занаетчиска комора на Скопје и Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА).
Учествуваат автори на рачни изработки, креативци кои дизајнираат со љубов и создаваат широк спектар рачно изработени предмети од најразлични материјали, сребро (филигран), срма, дрво, стакло, восок, текстил, глина, бакар и друг вид на материјали за изработка на креативни дела.
Арт базар – Дизајн со љубов ќе има промотивен и продажен карактер и отворен е за широка публика. Влезот е слободен, а ќе биде отворен денеска од 12 до 19 часот, а утре од 11 до 19 часот.
Во рамките на Aрт базарот ќе има индивидуални презентации со цел овој вид уметност да се доближи и до пошироката публика.