Арнолд Шварценегер уште еднаш ќе биде познатиот Терминатор, улога која му ја одбележа кариерата.
Но, и покрај се многу критичари уште од сега се прашуваат како ќе се справи со неа, со оглед на тоа дека има 65-години.
Тие сметаат дека тој е премногу стар да се врати на филмското платно со оваа улога.
Сценариото за новото продолжение го пишуваат Лаета Калогридис и Патрик Лусер, додека режисерот сеуште не е познат.
Премиерата на новиот „Терминатор“ треба да се случи во 2015 година.