Американската пејачка Аријана Гранде допатува во ненајавена посета на мачестерската Кралска детска болница за да ги посети своите хоспитализирани фанови, кои беа ранети при терористичкиот напад за време на нејзиниот концерт во Манчестер на 22 мај.
Аријана во Манчестер допатува синоќа, при што најави дека ќе одржи хуманитарен концерт за прибирање средства за помош на жртвите на нападот и на членовите на нивните смејства.
При нападот на концертот на Аријана Гранде во Манчестер загинаа 22 лица, а над 100 беа полесно или потешко ранети.