Ако мразите повици чија цел е продажба или рекламирање на некој производ или услуги, ви треба бесплатната апликација TPS Protect. Слична е на опцијата за несакана пошта на е-меил, а доволно е само својот телефонски број, мобилен или фиксен, да го регистрирате на услугата TPS и да престанете да примате маркетиншки повици.
По регистрацијата, на компаниите со закон им е забрането да ви се јавуваат. Апликацијата е бесплатна, а корисниците за првите 60 дена мора да платат една фунта за да ги имаат дополнителните опции.
Освен блокирањето на несакани повици, апликацијата овозможува директна пријава на маркетиншки повици. Апликацијата при секое јавување го прикажува телефонскиот број од еден до пет, а врз основ на тоа корисникот одлучува кои повици ќе сака да ги прима. При секоја блокада или пријава, степенот на точноста на бројот се менува.
„Кога ќе се пријави измама, оценката за довербата паѓа, што значи дека сечиј глас е важен” – рече Џон Митчисон, кој стои зад апликацијата.
Милиони несакани повици се пријавуваат секоја година, а во 2016 година само 22 компании платиле казна поради пречење. Проблемот е во тоа што многу компании ги менуваат телефонските броеви.