Апарат кој произведува вода од воздух во пустински услови

Од:

Научници од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и од Универзитетот во Калифорнија израборија апарт што работи на сончева енергија и произведува питка вода од воздухот, дури и во пустински климатски услови.

– Највозбудена сум поради тоа што направивме функционален апарат во овие далечни подрачја, што ќе им даде чиста вода на оние на кои им е најпотребна, рече Евелин Ванг, инженерка по механика и една од креаторите на уредот.

Иако постојат слични апарати, за разлика од овој уред, тие не работат во суви климатски услови и користат повеќе енергија.

Новиот уред изгледа како кутија која има прилагодена метална органска рамка, која е есенцијален материјал кој се однесува како сунѓер што собира што повеќе вода, додека кутијата е отворена. Кога ќе се собере водата, кутијата се затвора и се изложува на сонце. Сонцето го загрева материјалот така што ја испушта водата од неговата површина како пареа. Пареата потоа се претвора во течност во кондензатор, кој воедно и ја лади, па така се добива чиста вода за пиење.

Апаратот може да собере 2,8 литри вода по килограм рамка која се користи. Работи во услови каде влажноста на воздухот е 20 отсто, споредувајќи го со постоечките апарти кои работат само на влажност на воздухот од 50 отсто.

Апаратот се уште е во фаза на испитување и треба да биде со големина на куфер. Тестираиот уред има големина на кутија за накит. Направен е за подрачја кои се сушни, но имаат многу сончеви и топли денови.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска