Андроидот е најпопуларна мобилна платформа во Велика Британија, Шпанија, Германија, Кина и Австрија, додека iOS на „Епл“ се наоѓа на врвот во САД и Јапонија.
Виндоуз Фон и натаму е аутсајдер, но е забележан голем пораст во Европа, посебно во Велика Британија и Италија, со зголемено присуство на пазарот од 2,2 отсто на 5,9 отсто, односно од 2,8 отсто на 13,9 проценти.
Кога станува збор за уделите на комапниите, „Самсунг“ и натаму има лидерска позиција во Велика Британија, држејќи 35 проценти од продажбата на смартфоните, иако „Епл“ се наоѓа веднаш зад него со пазарно присуство од 32 отсто. Уделот на „Нокиа“ на пазарот изнесува 6,2 отсто, иако продажбата се зголемила за 50 отсто во спосредба со 2011 година.
Продажбата на Блекбери 9320 е зголемена за време на божикните празници, кога како подарок го купиле две третини од корисниците, а неодамна е лансиран и Блекбери 10 од кој компанијата прозводител РИМ има големи очекувања.