„Андроидлу“ – паметен часовник со камера и телефон

Од:

Група студенти од Индија, меѓукои еден 17-годишник, ги победи големите компании како „Епл“, „Гугл“ и „Сони“, претставувајќи го првиот „паметен часовник“ во светот.

Часовникот е наречен „Андроидлу“, а уредот има вграден Блутут, ГПС, Ви-Фи и камера. Содржи 16 ГБ меморија и располага со слот за СИМ картичка. Уредот чини 170 евра.

Иако, „Сони“ веќе претстави часовник што може бежично да се поврзе со смартфон, „Андроидлу“е прв паметен часовник што располага со целосно интергриран оперативен систем и СИМ картичка. „Андроидлу“ работи на стариот Андроид оперативен систем 2.2 и има екран од два инчни, како и камера од 2 мегапиксели.

Уредот располага со звучник, камера и микрофон, а може да се користи и за чување податоци преку УСБ и полнење на други мобилни уреди.

„Андроидлу“ е дело на четворица индиски студенти. Уредот може да се нарача преку Интернет во бела или црна боја, а чини 170 евра.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска