Андроид наполни 10 години

Од:

Мобилниот оперативен систем Андроид наврши 10 години од неговото лансирање. Пред десет години, Google го претстави HTC Dream телефонот, кој беше првиот што ја користеше новата платформа.

Dream имаше лизгачки дисплеј, кој ја откриваше хардверска тастатура под него. Телефонот немаше виртуелна тастатура или приклучок за слушалки.

Во тоа време, iPhone веќе имаше наполнето една година и беше огромен хит на пазарот. Првиот Android беше сосема различен од сегашниот. Но, филозофијата беше иста – повеќе слобода и флексибилност. Корисниците имаа можност да го персонализираат Dream и да го организираат и прошират интерфејсот по желба.

Android, исто така, ја постави основата за мобилната хегемонија на Google. Платформата отвори нови извори на приходи за компанијата и значително ги зголеми своите корисници на услуги.

Платформата се одликува и со фактот дека е отворена и иако Google има одредени барања, буквално секој производител може да го модифицира и прилагоди според нивните желби. Од една страна, ова помогна на Android да стане најпопуларната мобилна платформа во светот.

Од друга страна, тоа создаде многу голема фрагментација. Секој производител има различни идеи и процеси, а најновите ажурирања ретко стигнуваат до потрошувачите. Во повеќето случаи, компаниите обезбедуваат надградби само околу една година од пуштањето на телефонот.

Сепак, Android и понатаму е популарен. Толку популарен, што стана вистинска алтернатива на iOS. Барем во смисла на масовниот потрошувач.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска