Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреја Бочели ќе пее на католички Велигден во празната катедрала Дуомо во Милано. Концертот ќе биде пренесуван на неговиот Јутјуб-канал.
Настапот треба да биде „симбол на љубовта, заедништвото и закрепнувањето во ерата на коронавирусот“, како што вели најавата.
– Чест ми е и среќен сум што сум поканет од градот и од катедралата. Верувам во моќта на групната молитва. Верувам во Велигден. Тоа е универзален симбол на повторното раѓање коешто сега им треба на сите – и на верниците и на оние што не веруваат, вели славниот тенор.
Бочели ќе го придружува само катедралниот оргулист Емануел Вијанели.